Брајтон се гордее со историскиот потег, го има најмладиот менаџер во Премиер лигата

Брајтон направи историски потег за Премиер лигата, откако официјално го назначи 31-годишниот Фабијан Хурцелер за нов менаџер. Така германскиот стратег ќе стане најмладиот тренер во историјата на Премиер лигата.

Договорот на Хурцелер е до летото 2027 година, а ја наследува менаџерската позиција од Роберто Де Зерби. Од клубот додаваат дека останува само да биде одобрена работната виза на младиот стратег, што ќе се случи пред почетокот на претсезоната во јули.

„Апсолутно сум возбуден што ќе бидам новиот менаџер на Брајтон. По разговорите со Тони Блум, Пол Барбер и Дејвид Вир, беше јасно дека тие се многу амбициозни. Брајтон има уникатна историја со смела визија за иднината, така што сум навистина возбуден што ќе бидам дел од проектот. Клубот направи неверојатен прогрес во последните неколку сезони. Уживам во можноста да работам во Премиер лигата и нестрплив сум да ги запознам играчите, штабот и, секако, навивачите“, изјави Хурцелер за клупскиот сајт.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести