УЕФА покрена дисциплинска постапка против ФС на Албанија

Се чини дека Фудбалскиот сојуз на Албанија ќе биде првиот кој ќе заработи казна на Европското првенство во Германија. Дисциплинската комисија на УЕФА покрена постапка против Албанија, и тоа поради однесувањето на нивните навивачи.

Дисциплинската постапка е поради влегување во теренот на навивач(и), фрлање предмети на теренот, палење пиротехника, како и „пренесување пораки кои се несоодветни за спортски натпревари“. Последната ставка се однесува за банери и транспаренти со политичка содржина кои биле истакнати за време на мечот со Италија.

„Сакаме да нагласиме дека ги презедовме сите потребни мерки за успешна организација на натпреварот. Настанот беше празник на европскиот фудбал и не се случи никаков посериозен инцидент кој би ја нарушил позитивната атмосфера“, се вели во соопштението на ФС на Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести