Белгија загуби, а селекторот е задоволен

Белгија се покажа како најголемо разочарување во досегашниот дел од ЕП, откако загуби од Словачка со 0:1 и си ги искомпликува работите за пласман во следната фаза од континенталниот собир.

Селекторот на Белгија, Доменико Тедеско вели дека и покрај поразот, е задоволен од играта на неговиот тим.

„Немам многу работи на кои може да забележам на своите играчи. Единствено нешто што не беше добро е тоа што пропуштивме многу шанси и не постигнавме ниту еден гол. Не сакам да го вперам прстот за вина кон никого, но бидете сигурни дека ќе разговараме. Не вака преку медиумите, туку интерно. Секогаш сум велел дека нашата група е незгодна и не треба однапред да мислиме дека ќе ја поминеме. Треба да извлечеме поука од овој пораз. Атмосферата во тимот и понатаму е добра“ рече Тедеско по поразот од Словачка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести