За фудбалската репрезентација на Грузија ова е историски ден. Оваа селекција на стадионот во Дортмунд ќе го има дебито на едно големо натпреварување и тоа против Турција.
Вжештена е атмосферата на трибините на „Сигнал Идуна парк“, откако фанови на двете репрезентации влегоа во клич и се испотепаа. Фановите на двете репрезентации успеаа да ги пробијат заштитните огради и влегоа во физичка пресметка.