Сите се чудат: автомобил со белградски таблички, а обоен во боите на хрватското знаме!

Пред фудбалскиот натпревар Хрватска – Албанија, на хрватската Фејсбук страница „Сообраќајни незгоди и незгоди“ се појави фотографија од автомобил со белградски таблички украсен со хрватската шаховница.

Насловот на фотографијата која привлече големо внимание и собра многу лајкови и коментари, е „Поддршка“.

Многумина се збунети и даваат позитивни коментари од типот: „Честитки за тоа што го направил“, „Крал“, „Секој нормален човек треба да навива за соседите, и јас навивав за Србија“, „Фудбалот е антивирус за политички игри“, „Нормален човек кој живее во сегашноста, не во минатото“ итн.

Но, има шеговите коментари дека сопственикот на возилото со овој потег само сакал да го спаси автомобилот од кршење.

„Каква црна поддршка, човекот се обидува да си ја спаси колата“, „Камуфлажа“, „Можеби само се обидел да го спаси автомобилот да не бид скршен“, се некои од коментарите на тие Хрвати кои не веруваат дека некој од Белград толку ја сака Хрватска за вака да го украси автомобилот.

- Оглас -

Најнови вести