Холандија и Франција се меѓу фаворитите за трофејот на Европското првенство во Германија. Стартуваа со победи, но, сепак, не блескаа на воведните дуели.
Во меѓусебната пресметка вечерва од 21 часот ќе решаваат за првото место во групата и секако посакуваат експресен пласман во осминафиналето.
На последните пет меѓусебни дуели, Франција има четири победи, а Холанѓаните се радувале само еднаш.
Килијан Мбапе на овој меч најверојатно ќе почне како резерва поради скршеницата на носот што ја заработи на првиот меч со Австрија, а токму тој постигна четири од последните шест гола на „триколорите“ против овој противник.
Понудата во Sport Life и за овој натпревар е „специјална“. Голем број игри со одлични квоти, а своето знаење, но и среќата ќе може да си ја испробате и на стрелци, пенали, картони, корнери, офсајди, аути, замени и уште многу други игри.