Делува неверојатно, но Перу и Чиле на последните 20 меѓусебни дуели немаат нерешено

Перу и Чиле се во група со Аргентина што значи дека автоматски двете екипи главната борба ќе ја имаат за второто место, бидејќи се очекува за Гаучосите да биде загарантирани првото место од оваа група на Копа Америка.

Перу е во добра форма и нема пораз на последните пет меча (три победи и две реми), додека Чиле игра многу променливо и во последните 10 средби е со биланс од три победи, три реми и четири порази.

Ако се гледа традицијата од меѓусебните дуели, на осум од последните 11 средби се случува барем еден од двете селекции да не постигне гол (Комбинација во обложувалница позната како НГ).

Фантастично делува и серијата од 20 меча на овие две селекции на кои немало нерешен резултат. Чиле има 14 победи, а Перу се радувал шест пати. Последното реми е од пред 20 години кога било 1:1 на пресметка одиграна во април 2004 година.

- Оглас -

Најнови вести