Голманот на Белгија со подвиг што не му успеал на ниту еден чувар на мрежата на последните четири ЕП (Видео)

Белгија се израдува на првата победа на ЕП 2024 откако со 2:0 славеше над Романија. Еден од најзаслужните за победата е и голманот Коен Кастелс, кој не само што не прими гол, туку успеа и да направи асистенција.

Во 79 минута топката беше во Кастелс кој реши силно да исфрли што е можно подалеку од неговиот гол. Топката ги прелета речиси сите на теренот, дојде до Кевин де Брујне, а капитенот погоди за 2:0.

На тој начин Кастелс стана првиот голман кој има асистенција за погодок на последните четири континентални собири.Поретходно, последен голман кој впиша асистенција на ЕП беше легендарниот чувар на мрежата на Турција, Рушту Реџбер. На ЕП 2008 година, Рушту асистираше за погодок во 120+2 минута во четвртфиналето против Хрватска и од тогаш до синоќа немаше голман кој имал додавање за погодок на ЕП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести