Паскал Грос е сѐ поблиску до трансфер во Борусија Дортмунд, известува „Скај Германија“. Бундеслигашот постигна договор со неговиот сегашен клуб Брајтон.
„Жолто-црните“ ќе платат помеѓу 7 и 10 милиони евра за фудбалерот за врска.
Должината на договорот уште ќе биде дополнително утврдена, но се очекува да потпише до 2027 година.
Грос е во Брајтон од 2017 година. Во моментов 33-годишниот играч од средниот ред се наоѓа на Европското првенство со селекцијата на Германија.
Претходно, финалистот во Лигата на шампионите се договорил со Штутгарт и за трансферот на Валдемар Антон.