Ќе има голови на Исланд, но и на пресметката меѓу Албанија и Шпанија

6865 Албанија – Шпанија (21.00)
Шпанците оставија одличен впечаток во првите две кола, па иако се веќе осминафиналисти, сигурно ќе сакаат да останат перфектни по првата фаза од Европското првенство. Селекторот Луис де ла Фуенте ќе направи неколку замени во составот, но и „резервите“ на Шпанија се и повеќе од квалитетни за да стигнат до триумф против Албанците.

Албанија нема друг избор освен да игра отворено и да брка позитивен резултат, па на овој натпревар се очекуваат голови.
Предлог тип: 2 & 3+ (2.19)

 

6866 Хрватска – Италија (21.00)
Италија е европски првак, па иако за ривал ја има Хрватска сигурно дека знае да одигра на резултат за да мине во следната фаза. На Хрватите им е потребна победа, но избраниците на Лучијано Спалети сигурно ќе се определат за цврст блок на својот гол.

Јасно е дека ова е меч во кој секој примен гол ќе значи огромен чекор назад кон целта, па затоа се претпоставува дека нема да има голеада.
Предлог тип: X2 & 0-3 (1.84)

 

2626 Ландскрона – Ергрите (19.00)
Ландскрона е на врвот на табелата во првенството на Шведска и игра одличен фудбал. На домашен терен има четири победи од пет меча и гол-разлика 9-1, па ќе сака да продолжи во ист стил и на денешниот меч со Ергрите. Гостите не се претерано добар тим кога играат надвор од својот стадион.
Предлог: 1 & Т12+ (2.00)

 

2628 Остерс – Хелсингборг (19.00)
Остерс игра добро како домаќин, а денеска го пречекува Хелсингборг кој исто така е во низа од две победи по ред. Предлогот е дека ќе има најмалку три гола на овој натпревар, а бодовите ќе му припаднат на Остерс.
Предлог тип: 1& 3+ (2.45)

 

2848 Селфос – Хаукар (21.15)
Селфос е „казнена експедиција“ во втората по ранг дивизија на Исланд, се наоѓа на првата позиција и на домашен терен има четири победи од исто толку одиграни натпревари. Голем фаворит е за триумф и на денешниот меч против Хаукар, кој е во серија од три последовни порази. На овој натпревар се очекуваат и многу голови.
Предлог тип: 1& 4+ (2.13)

- Оглас -

Најнови вести