Далиќ: Секогаш сум зборувал дека сме мали и дека сме сами, но сега сето тоа е џабе

Хрватска не успеа во мисијата да ја победи Италија и на крајот дуелот заврши 1:1. Хрватите ги делеа секунди од триумф, но Аѕурите со гол во 90+8 минута постигнаа гол и стигнаа до реми, кое им обезбеди место во нокаут фазата на ЕП.

Селекторот на Коцкестите, Златко Далиќ се осврна на дуелот и на крајот ја превзема вината за неуспехот на ова ЕП.

„Навистина боли и уште долго време ќе боли. Не е лесно, но кога ќе се погледне целосно, некаде ќе ти даде, некаде ќе ти земе. Во минатото имаше пенали на кои поминувавме некои тешки ривали, а сега ни се случи ова 1:1. Знаевме да уживаме во победите, сега мора да покажеме дека знаеме како да се однесуваме и во овие тешки моменти. Јас сум виновникот што не ја поминавме групата. Само јас. Можам само да ги пофалам играчите, се мачеа и многу се трудеа овие месец дена, но едноставно не ни одеше и тоа е тоа“, рече Далиќ.

Предводникот на хрватската репрезентација сепак не заборави да го спомене и судењето, односно одлуката да бидат дадени дополнителни осум минути за игра. Токму во последната, осма минута од продолжението, Италија даде гол за реми.

„Секако дека судијата имаше влијание на мечот и на резултатот. Дефинитивно. Не знам од каде ги најде тие осум минути за продолжување. Но, јас тоа го зборувам пет години, дека ние сме мали за нив и дека секогаш сами се бориме. Сепак, што и да кажам е залудно и ќе излезам смешен. Не може да има осум минути надополнување. За што? За фаули, прекини? Сепак, нема да барам алиби затоа што имавме се во наши раце против Албанија, а и сега примивме гол во 98 минута. Жал ми е што Хрватска не ја почитуваат. Ние игравме меч во 15 часот. Дали во тој термин играа Фрација, Германија, Португалија, Англија? Тоа е тоа“, заклучи разочараниот Далиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести