Манчестер сити има постојани проблеми со фер плеј програмата на УЕФА, а сега веројатно ќе се соочи и со истрага во Англија.
Фудбалската асоцијација на Англија се сомнева дека популарните „граѓани“ на нелегален начин го врбувале Џејдон Санчо на 14-годишна возраст од Ватфорд.
Сити, според сомневањата на ФА, му платил на агентот на Санчо, Емека Обаси, 200 илјади фунти за да го советува големиот талент да се пресели во Манчестер.
Обаси откако ја завршил работата со трансферот на Санчо од Ватфорд, бил вработен во клубот како скаут на Сити за фудбалери од Африка.
Ако се потврдат сомневањата на ФА тогаш Манчестер сити ќе плати „солена“ казна бидејќи недозволено е на тој начин да се врбуваат играчи, кои се малолетни.
Санчо моментно игра за Борусија Дортмунд и е еден од најголемите таленти на светот.
Коментарите се затворени.