Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, рече дека ништо не е променето кај нив после ремито со Данска, целта и понатаму е да се освои Европското првенство, но призна дека перформансите на тимот мора значително да се подобрат.
После нерешените 1-1 со Данска, Саутгејт беше жестоко критикуван од медиумите и навивачите.
„Знаеме дека сме еден од тимовите што може да го освои ЕВРО 2024. Не сме ги смениле нашите цели. Знаеме и дека мора да покажеме поинакво ниво од она што го имаме досега. Не се занимавам со тоа кој што кажал за мене, јас сум мојот најголем критичар, а мислам дека и нашите играчи се автокритичари“, рече Саутгејт.