Тиери Анри ќе биде нов селектор на Велс?

Легендата на Арсенал и на францускиот фудбал Тиери Анри може да стане нов селектор на Велс. Според „Би-Би-Си“, поранешниот прославен напаѓач е еден од фаворитите за наследник на Роб Пејџ.

Во моментов Анри, кој претходно ги водеше Монако и Монтреал Импакт, е на кормилото на репрезентацијата на Франција која ќе ја претставува земјата на Олимписките игри ова лето.

46-годишниот Французин веќе подолго време има релации со Велс, бидејќи таму ја стекна својата тренерска лиценца по обуката во Фудбалската асоцијација на оваа земја.

Велс го отпушти Пејџ минатиот петок. Тој ја водеше репрезентацијата три и пол години, но не успеа да го квалификува тимот за заршницата на Европското првенство во Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести