Тоа што ѝ се случи на Украина се случило само уште еднаш во историјата на фудбалот

Украина е најголемиот трагичар на ЕП, затоа што е единствената селекција која освои четири бода, а не оди во нокаут фазата. Да е фудбалската болка уште поголема, Украина беше во група во која на крајот, првопласираната Романија имаше исто така четири бодови, колку и Украинците кои завршија на дното како четврти и тоа поради најслабата гол разлика (2:4).

Неверојатен е ваквиот расплет и вакво нешто прв пат се случува на ЕП, но не е прв пат да се види ваква ситуација во историјата на големите натпреварувања. Пред точно 30 години, на Светското првенство во САД имаше иста ваква ситуација.

Тоа се случи во Е групата во која беа Мексико, Република Ирска, Италија и Норвешка. По трите кола, сите четири селекции имаа по една победа, едно реми и еден пораз и на крајот завршија со по четири бодови. За разлика од сега на ЕП 2024, тогаш пред 30 години драмата беше уште поголема.

Сите четири селекции имаа гол разлика (НУЛА), односно колку имаа дадено толку имаа и примено голови. Сепак, на крајот Норвешка заврши како псоледна и тоа поради најмалкуте постигнати голови (даде само еден гол и само еден прими). Мексико, беше прв, Р. Ирска втора, а Италија трета. Интересно е дека на тој Мундијал потоа Италија стигна и до финалето, каде на пенали загуби од Бразил.

- Оглас -

Најнови вести