Саутгејт: Работите си дојдоа на свое место

Англија со една победа и две нерешени ја заврши групната фаза како најдобра и во осминафиналето за противник ја доби селекцијата на Словачка. Иако Англија ја исполни целта да биде првопласирана во групата, селекторот герет Саутгејт беше на мета на многу критики од јавноста поради неубедливата игра и само два постигнати погодоци во три средби.

Тоа секако е премалку за еден тим кој е прв фаворит за златото, но Саутгејт е смирен и задоволен затоа што Англија се најде во навидум полесната половина од „костурот“, избегнувајќи пресметки со некој од гигантите како Шпанија, Германија, Холандија или Франција, барем до финалето.

„Добро играме со топка, создаваме акции, напорно работиме, но ни недостасува завршницата. Сепак, имавме многу добри работи на кои може да се базира и да ја градиме играта. Имавме многу проблеми пред ЕП, сега полека работите доаѓаат на свое место. Создаваме шанси, само мора почесто да ги претвораме во погодок“, рече Гаутгејт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести