За прв пат во НБА историјата татко и син во ист тим: Леброн Џејмс ќе игра заедно со Брони јуниор во ЛА Лејкерс!

По многубројните најави и шпекулации, сега е и официјално. Брони Џејмс доаѓа во НБА лигата. Најстариот син на Леброн Џејмс е избран како 55 пик на драфтот и тоа од тимот на Лос Анџелес лејкерс.

Со доведувањето на Брони, на чекор е остварување на нешто неверојатно, а тоа е во НБА лигата заедно да играат татко и син. Брони и Кралот Џејмс се очекува да исишат историја на почетокот на новата сезона.

Брони Џејмс јуниор во минатата сезона играше во НЦАА лигата каде го носеше дресот на УСЦ, каде за нешто помалку од 20 минути поминати на терен, имаше просек од 4,8 поени, 2,8 скока и 2,1 асистенции по меч.

Тинејџерот кој има само 19 години, минатото лето имаше сериозен здравствен проблем, откако преживеа срцев напад, па мораше да оди на операција. Брони Џејмс е познат по добриот шут од далечина, но и неверојатниот одраз. На последното мерење на одразот, тој „летал“ на 103 сантиметри висина со одразот.

Пофални зборови за младиот Џејмс имаше и неговиот нов соиграч, Ентони Дејвис.

„Одличен е во одбраната. Способен е да ја чита играта и е добар плејмејкер. Мислам дека за него не треба да се грижиме, но секако голем е притисокот врз него со оглед на тоа кој му е татко“, рече Дејвис.

 

 

- Оглас -

Најнови вести