Винисиус јуниор со критики за судиите и терените на Копа Америка

Бразил заигра како што се очекуваше на Копа Америка и со убедливи 4:1 го победи Парагвај, па сега само теоретски треба да го потврди местото во ноакут фазата на овој турнир. Предводник на Кариоките беше Винисиус јуниор кој постигна два гола и заслужено беше прогласен за најдобар играч на мечот.

https://twitter.com/i/status/1806895283927736595

Бразилската ѕвезда беше среќен за победата, но имаше забелешки како за условите на кои играат, така и за судиите.

„Тешко е да се игра на овие стадиони поради квалитетот на терените. Тука се и судиите кои се против нас, кој не сакаат да досудат очигледни фаули во наша корист. Тешко е да се објасни начинот на кој КОНМЕБОЛ се однесува кон нас“, незадоволно коментираше Винисиус јуниор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести