Репрезентацијата на САД е под притисок дека мора да победи за да биде сигурна дека ќе ја помине групната фаза од Копа Америка. Американците се домаќини на турнирот и беа како фаворити за висок пласман, но уште во групната фаза киксираа.
Откако прво славеа со 2:0 над Боливија, следуваше неочекуван пораз од Панама со 2:1. Токму поради тоа, САД сега има само три бода, колку и Панама, а лидер е Уругвај со максимални шест бода.
Ноќеска ќе играат САД против Уругвај, а Панама против Боливија, која е последна без бодови. Повеќе комбинации се во игра, а ако победат САД и Панама, ќе се случи три селекции да имаат по шест бода. Ако САД и Панама освојат по еден бод во третото коло и имаат ист број поени, Американците ќе одат понатаму затоа што прво се гледа вкупната гол-разлика во групата, потоа бројот на дадени погодоци, а дури трет критериум е меѓусебниот дуел.
Уругвај заедно со Аргентина е на врвот по бројот на трофеи освоени на Копа Америка, по 15 титули. Само во луда комбинација може да се случи Уругвај да извиси во оваа група, во која ноќеска ќе биде многу возбудливо.