Фудбалската репрезентација на САД е елиминирана уште во групната фаза на Копа Америка. Иако беа во улога на домаќини и најавуваа битка за висок пласман, Американците разочараа и само со три бода во три меча го освоија третото место во групата, што не беше доволно за пласман во нокаут-фазата.
Во последното трето коло, Американците загубија од Уругвај со 1:0, а во вториот дуел од оваа група, Панама со 3:1 беше подобра од Боливија. Уругвај е прв со 9, Панама има 6, САД со три, а Боливија е без бодови.
По мечот со Уругвај, Американците се жалеа дека погодокот што го примиле бил нерегуларен од офсајд-позиција. Сепак, арбитрите од ВАР-собата не реагираа и погодокот беше признат.
По мечот, Кристијан Пулишиќ дури им сугерираше на судиите да одат да слават заедно со Уругвајците.
Christian Pulisic encouraging the officiating crew to join the Uruguayan celebration
byu/Bos4271 insoccer