Капитенот и играч за врска на швајцарската репрезентација, Гранит Џака, не тренираше денеска со останатите соиграчи пред четвртфиналниот дуел со Англија, но уверува дека задутре ќе биде на теренот во Дизелдорф.
Фудбалерот на Баер Леверкузен има проблем со препоните.
„Пред мечот со Италија почувствував болка. Не сакав да го пропуштам мечот, па ми дадоа инјекција. По натпреварот повторно ја почувствував болката и сега тренирам со помал интензитет. Сепак, немојте да имате дилеми околу мојот настап, ако треба ќе играм и на една нога“, изјави Џака.