На социјалните мрежи се шират лажни вести за здравствената состојба на фудбалерот од Босна и Херцеговина, Един Џеко. Според одредени објави, фудбалерот имал срцев удар и во моментов се наоѓа на болничко лекување, што во никој случај не е точно. Џеко во моментов е топ-тема во балканските медиуми поради интересот од сплитскиот Хајдук и нереалната плата за наши услови која му е понудена, два милиони евра по сезона.
Дел од навивачите поверуваа на лажните информации за здравствената состојба на Един Џеко, па во коментари му посакуваат брзо закрепнување.