Јамал не би играл во Реал? Воодушевено гледаше во Рамос, а татко му е мадридиста (Фото+Видео)

Изјавата на Ламин Јамал дека е 100-процентен фан на Барса и никогаш не би заиграл за Реал Мадрид ги натера навивачите на Реал да го потсетат младиот фудбалер на некои работи.

Не треба да се копа длабокот во архивите, само пред една година, во 2023, таткото на Јамал е фотографиран пред „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид со знаме и дрес на Кралскиот клуб.

Тоа што татко му е навивач на Реал е само една работа со која мадриѓаните му контрираат на Јамал. Во 2016 година Јамал беше едно од децата кои на Ел Класико на „Камп ноу“ ги придружуваа играчите при излегување на теренот. На Јамал му се падна да го држи за рака тогашниот капитен на Реал, Серхио Рамос.

Настапува за Барса и мора да каже дека никогаш не би одел во Реал, но се гледа дека цело негово семејство има симпатии кон белите од Мадрид, коментираат некои од фановите.

Начинот на кој малиот Јамал го гледа Рамос не кажува дека има омраза кон клубот за кој никогаш не би играл.

https://twitter.com/i/status/1707810587416129816

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести