Белингам: Против Швајцарија одигравме еден од најдобрите мечеви на турнирот

Уште пред почетокот на Европското првенство, репрезентацијата на Англија беше меѓу главните фаворити, па нивното учество во полуфиналето е очекувано. Според многумина, Англија игра под својот квалитет, но еден од главните ѕвезди во тимот, Џуд Белингам е задоволен.

Според ѕвездата на Реал Мадрид, Англија игра добро.

„Против Швајцарија го одигравме еден од нашите најдобри мечеви на турнирот. Горд сум на тимот. Има некои работи кои што не може да се измерат и видат, а тоа се карактерот и менталитетот. Тоа го покажавме при изведувањето на пеналите. Огромен е притисокот, посебно врз оние кои влегле од клупата со единствена цел да шутираат пенал“, вели Белингам.

Следен предизвик за Англија ќе биде дуелот против Холандија во полуфиналето на контиентланиот собир.

- Оглас -

Најнови вести