Јамал на копачките има знамиња од две држави, а ниедно не е шпанско

Ламин Јамал испиша историја кога на меч од ЕП заигра со само 16 години и станај најмлад фудбалер во историјата на континенталните собири. Јамал е еден од најдобрите играчи во шпанската репрезентација и тој сигурно уште долги години ќе биде во фокусот на големите натпреварувања.

Освен со својата младост, тинејџерот го привлече вниманието и со копачките кои ги носи. на белите копачки на Јамал постојано има две знамиња, а ниедно не е шпанско. едното знаме е на Екваторијална Гвинеја, а другото е на Мароко.

Тоа се двете земји од кои потекнуваат неговите родители. Мајка му Шеила Ебана е од Екваторијална Гвинеја, а татко му Мунир Насраоуи е од Мароко. Со овој потег, Јамал покажува дека ги почитува своите предци.

Пред да почне да игра за Шпанија, Јамал имаше понуда да настапува за селекцијата на Мароко, но тој одби и реши да се бори за место во Црвената фурија, за да со само 16 години биде и стартер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести