Носителот Нишикори елиминиран од 77-ми тенисер во светот

Првиот носител на АТП-турниот во Дубаи, Кеј Нишикори, претрпе шокантна елиминација од Хуберт Хуркач, 77-миот тенисер на АТП-листата со 2-1 во сетови (7-5, 5-7, 6-2) во второто коло на овој турнир.

Јапонскиот тенисер стигна до брејк за водство во првиот сет од 5-4 во гемови, но Хуркач нанижа три гема во негова корист и поведе во сетови. Нишикори тргна фуриозно и поведе со 4-0 во вториот сет, меѓутоа Полјакот спаси четири сет-топки и израмни на 5-5 во гемови. Сепак, следните два гема му припаднаа на Нишикори за израмнување на 1-1 во сетови.

Средбата се одлучи откако Хуркач му одзеде гем на фаворитот за 3-1 во гемови, а потоа со убедливи 6-2 му го зеде сетот и оствари прва победа против тенисер од топ 10 листата.

Во четврт-финалето Хуркач ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Јегор Герасимов и Стефанос Циципас, дуел кој започнува во 15 часот.

https://twitter.com/ATP_Tour/status/1100737434604703745

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести