Ибрахимовиќ го претстави новиот тренер Фонсека: Милан е подготвен за јуриш кон Скудетото

Италијанскиот калчолигаш Милан официјално го промовира новиот тренер, португалскиот стратег Пауло Фонсека. Тој потпиша двегодишен договор со клубот од „Сан Сиро“, со опција за продолжување на соработкатa за уште една дополнителна сезона.

Директорот на клубот, Златан Ибрахимовиќ, го претстави Фонсека пред медиумите.

„Бев во клупскиот музеј и ја разгледав историјата на Милан и навистина сум среќен и горд што ќе бидам дел од еден ваков клуб. Верувам дека клубот може да се впушти во борба за шампионската титула во Серија А. На некои позиции ни се потребни засилувања и ќе се обидеме да ги обезбедиме“, изјави Пауло Фонсека.

 

- Оглас -

Најнови вести