Математичар го брани Саутгејт, бројките велат дека е најуспешен англиски селектор

Англија не блеска на Европското првенство, играше прилично слабо во групата со Србија, Словенија и Данска, потоа едвај ја мина Словачка, па на пенали ја елиминира Швајцарија и дојде до полуфинале!

Поголеми дел од јавноста на Островот редовно го критикува селекторот Герет Саутгејт и бара негово разрешување, а професор по математика имаше што да им каже на фановите во земјата која е колевка на фудбалот.

Боби Сигал, кој е професор, математичар, статистичар и водител на Би-би-си, ги анализира резултатите на националниот тим пред доаѓањето на Герет Саутгејт на чело на репрезентацијата во 2016 година и од тогаш наваму.

„На ЕП 2016 загубивме во осминафиналето од малиот Исланд. На Светското првенство 2014 завршивме на последното место во нашата група со Костарика. Не победивме на ниту еден натпревар. На СП 2010 загубивме во осминафинале, бевме понижени. Во 2008 година не се ни пласиравме на Европското првенство, а од 2002 до 2006 година имавме златна генерација со Бекам, Сколс, Овен и Лампард и стигнавме до четвртфинале. Тоа беа резултатите пред да дојде Саутгејт“, потсети Сигал.

Индиецот пораснат во Лондон вели дека за 48 години Англија немала толку успех на големите натпреварувања како во шесте откако Саутгејт е на чело на тимот. И сега во полуфиналето со Холандија има шанса да им обезбеди уште едно финале за Англичаните на ЕП.

„Откако Герет Саутгејт пристигна во есента 2016 година, стигнавме до полуфинале на Европското првенство, стигнавме и до едно финале, а на СП загубивме во четвртфиналето од Франција, но тие беа светски шампиони. Ако ги погледнете податоците, од 1968 до 2016 година, тоа се 48 години, сме добиле само шест натпревари во нокаут-фазата на СП и ЕП заедно. Со Саутгејт како селектор, од 2018 до 2024 имаме седум победи“, рече Сегал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести