Хари Кејн испиша историја, стана најефикасниот Англичанец на големите турнири

Хари Кејн продолжува да испишува историја во дресот на Англија. Напаѓачот се запиша како стрелец од пенал на натпреварот против Холандија во полуфиналето на ЕВРО 2024.

Ова беше неговиот 15-ти гол за „трите лава“ на голем турнир (Европско или Светско првенство), што го направи играчот со најмногу голови за Англија на големи првенства.

Со ова постигнување Кејн стана и играчот со најмногу голови во елиминациската фаза на европските првенства – вкупно 6. Носителот на Златната копачка за изминатата сезона сега има вкупно 49 гола во оваа сезона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести