Нови потресни снимки од хаосот на Копа Америка: Сопругата на Валверде со детето в раце бега од хулиганите (Видео)

Голем кикс на организаторот на Копа Америка, кој семејствата на фудбалерите на Уругвај ги сместил помеѓу навивачите на Колумбија, па тие во текот на целиот натпревар биле навредувани и напаѓани од противничката публика за време на полуфиналниот натпревар помеѓу Колумбија и Уругвај (1-0).

Ситуацијата ескалира по завршувањето на мечот, кога сопругите и децата на Уругвајците беа физички нападнати, а прв кој тргна во нивната одбрана беше Дарвин Нуњес, кој со тупаници се пресметуваше со колумбиските навивачи на трибините за да си го одбрани семејството. По него на трибината тргнаа и останатите фудбалери на Уругвај, а дури потоа реагираше и американската полиција.

Многу снимки со потресни сцени се појавија на социјалните мрежи, а една од нив е онаа кога сопругата на Федерико Валверде заедно со детето в раце бега од колумбиските хулигани при инцидентот по завршувањето на натпреварот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести