Еден од најстарите македонски фудбалски клубови, Тиквеш од Кавадарци, испишува нова светла историја. Клубот кој е формиран речиси пред 100 години, односно во 1930 година, вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје за првпат ќе игра меч на меѓународна сцена во УЕФА натпреварувањата.
Тиквеш зад себе има одлична сезона во која го освои Купот на Македонија и благодарение на тој успех, доби можност за настап во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА. Исландскиот тим Брејдаблик е ривалот на кавадарчани.
Тиквеш ќе игра пред своите навивачи, но гостите се во предност барем кога се работи за натпреварувачкиот ритам затоа што во моментов во полн ек се игра првенството на Исланд. Тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов, е оптимист дека вечерва македонскиот тим може да направи добар резултат, а секако и по реваншот кавадарчани да бидат тие кои ќе се радуваат на пласман во следната фаза.
Според квотите во Sport Life, гостите од Исланд се фаворити, но тоа е одлична шанса за сите фанови на Тиквеш да одиграат „кец“.