Барселона ја почна ерата на Ханси Флик: Германецот го одржа првиот тренинг (Видео)

Новиот тренер на Барселона, Ханси Флик, го одржа првиот тренинг со каталонскиот тим.

„Започнува ерата на Флик“, објавија Каталонците.

Првиот тренинг на Барселона беше планиран за вчера, но големите горештини во Барселона го одложија почетокот за еден ден.

Наскоро во стручниот штаб на Ханси Флик се очекува официјално да влезе и Тијаго Алкантара, кој се откажа од фудбалот пред неколку дена и веќе работи со германскиот стратег.

На првиот тренинг денес учествуваа мал број од основните фудбалери, како и играчи кои беа на позајмица минатата сезона, Ансу Фати, Клемен Ленгле и Хулијан Араухо.

Барселона ќе се подготвува на својата база до 28 јули, по што заминува на турнеја во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести