Паолини по голема драма ја елиминира Дона Векиќ и се пласира во финалето на Вимблдон

Италијанската тенисерка Јасмин Паолини стигна до своето второ последовно гранслем-финале со победата од 2-1 во сетови (2-6, 6-4, 7-6) против Дона Векиќ на Вимблдон.

Возбудливиот меч траеше два часа и 51 минута, а Паолини третиот сет во тај-брејк го доби со 10-8 на поени.

Паолини постојано се враќаше во игра враќаше. По загубениот прв сет, и тоа убедливо, во кој освои само два гема, стигна до 4-4 во вториот сет, а потоа и го освои.
Во третиот сет двапати губеше со по еден брејк, при 3-1 и 4-3, а на крајот стигна до тај-брејк. И во него беше неверојатно возбудливо, а Италијанката славеше со 10-8 на поени.

Второто полуфинале на Вимблдон кај дамите ќе го играат Елена Рибакина и Барбора Крејцикова.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести