Холандскиот интернационалец Џошуа Циркзе направи трансфер од Болоња во Манчестер јунајтед за 42 милиони евра, но овие пари нема да завршат само во касата на клубот од Серија А.
Талентот на младиот, тогаш 16-годишен фудбалер на Феенорд, беше препознат од скаутингот на Баерн Минхен, па Баварците го купија само за 150.000 евра. Циркзе играше за младинците и втората екипа на Баерн, а беше на позајмици во Парма и Андерлехт пред да ѝ биде продаден на Болоња, пред две години само за 8,5 милиони евра. Сепак, договорот помеѓу клубовите гласеше дека Баерн Минхен ќе добие половина од сумата ако Холанѓанецот биде продаден на трет клуб.
Така сега Баерн Минхен ќе инкасира 21 милион евра од трансферот на Циркзе во Манчестер јунајтед, па заработката од овој фудбалер ќе се искачи на 29,35 милиони евра.