Ханси Флик со порака до отпишаниот фудбалер: „Не одиш никаде, остануваш во Барселона“

Кога ќе дојде нов тренер во некоја екипа, тоа значи дека се очекуваат големи промени во составот. Ханси Флик го наследи Чави Ернандес на клупата на Барселона, а според многумина, Ориол Ромеу, требаше да биде првиот фудбалер кој ќе си замине.

Тој на „Ноу Камп“ пристигна на барање на Чави Ернандес од екипата на Жирона за 3.4 милиони евра, но одигра само 1435 минути минатата сезона. Сепак, германскиот тренер е задоволен од неговата физичка подготовка и смета дека тоа е една од најважните карактеристики за еден фудбалер од средниот ред. Сепак, Ромеу може да биде продаден само ако за него стигне примамлива понуда од некоја екипа.

Вториот фудбалер кој беше на излезна врата, но ќе остане во Барселона е Роналд Араухо. Тој има договор со „каталонците“ на уште две сезони и иако сака да си оди, сепак Ханси Флик смета на неговите услуги, а може да биде продаден само ако некоја екипа понуди најмалку 100 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести