Ниеден град во Белгија не сака да биде домаќин на својата репрезентација

Репрезентацијата на Белгија имаше разочарувачки настап на Европското првенство откако беше елиминирана уште во осминафиналната фаза од Франција со 1:0. Со овој лош настап само продолжи лошата серија на селекцијата која се најавуваше како „златна“, а ништо не освои.

Сега Белгија полека се подготвува за следниот предизвик, а тоа е дуелот против Израел во Лигата на нации. Овој меч треба да се игра на 6 септември, а фудбалската фадерација на Беглија има проблем да најде град кој ќе биде домаќин на овој дуел.

Ниту еден град во Белгија не сака да биде домаќин на овој меч поради политичката чувствителност на дуелот, но и отребата за зголемена безбедност. Брисел, Лиеж, Леувен, Антверпен и Бриж се градовите кои одбиле да ја преземат одгворноста да бидат домаќини на дуелот против Израел.

„Со оглед на драматичната ситуација во Газа и геополитичкиот шок кој се создаде, мечот нема да се игра во градот Брисел, поради безбедноста на посетителите, играчите и граѓаните. Овој натпревар носи неверојатна опасност, дури и ако се игра без публика“, вели бриселскиот советник за спорт, Бено Хелинг.

Се размислува мечот да се игра на неутрален терен, како како фаворит е „Панчо арената“ во Фелксут, Унгарија. Во ова мало место кое има мал број на жители Израел веќе играше и против против Швајцарија во меч од квалификациите за ЕП 2024.

- Оглас -

Најнови вести