Вардар со две нови засилувања, едниот е од Јужна Кореја

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжува да го засилува составот во пресрет на новата сезона. Од денеска на подготовки во Словенија се и Сеук – Гјун Ким од Јужна Кореја и Марио Костов.

Корејскиот интернационалец игра на левата крилна позиција, а има 23 години па би требало да биде квалитетно засилување во составот на тренерот Горазд Михајлов.

Костов кој има само 18 години е талентиран напаѓач кој во Вардар пристигна од редовите на струмичка Брера.

Вардарци веќе неколку денови се на подготовки во Раденци, Словенија, а во следниот период треба да одиграат и два контролни дуели и тоа против хрватскиот шампион Динамо во Загреб и против членот на англиската Чемпионшип лига, Свонси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести