Леброн е најдобриот стрелец во историјата на НБА, а неговиот син не може да погоди речиси ништо (Видео)

Леброн Џејмс е најдобриот стрелец во НБА-лигата со 40.474 поени, но неговиот син, Бруни, се чини дека е далеку од квалитет на својот татко. Тој настапува за екипата на ЛА лејкерс во летната НБА-лига, но според статистиката, не може да погоди скоро ништо.

На синоќешниот натпревар против Бостон селтикс за 25 минути на теренот успеа да постигне само два поена, на кои додаде три скока и една асистенција. На четирите досегашни натпревари од поле шутираше со ефект од 7/31, или 23%, додека за тројка не погоди ниту еден шут, 0/15.

Бруни Џејмс потпиша четиригодишен договор со ЛА лејкерс, но со просек од 4,3 поени, 3,8 скокови и 1,5 асистенции по натпревар тешко дека ќе стане професионалец и ќе заигра за првата екипа. Доколку сепак Лејкерси се одлучат да му дадат шанса да заигра за првата екипа во НБА-лигата, тоа ќе биде прв случај татко и син да играат на еден натпревар во американската професионална кошаркарска лига.

- Оглас -

Најнови вести