Тони Крос ја „отвори душата“ за спорниот момент кој значеше и крај на неговата кариера

Репрезентацијата на Шпанија победнички си замина од Европското фудбалско првенство кое минатата недела заврши во Германија. Шпанците во финалето со 2:1 ја победија Англија, но многумина како еден од најважните дуели на овој турнир го сметаат тој од четвртфиналето, кога Црвената фурија играше против домаќинот Германија.

Во регуларниот дел, мечот заврши 1:1, а Шпанија со гол во 119-тата минута стигна до победа од 2:1. Сепак, малку фалеше резултатот да биде сосема поинаков, посебно ако судијата Ентони Тејлор решеше да досуди пенал за Германија.

При еден шут на Џамал Мусијала, топката која одеше кон голот, удри директно во раката на Марк Кукуреља. Гермаците сигнализираа дека треба да има пенал, но англискиот арбитер само одмавна со раката и реши играта да не продолжи. Потоа Шпанија даде гол за 2:1 и се пласира во полуфинаето, а Германија беше елиминирана.

Таа елиминација на Германија значеше и крај на кариерата на легендарниот Тони Крос, кој најави дека ЕП е негов последен настап. Крос дури сега реши јавно да зборува за моментот кој беше еден од клучните – дуелот против Шпанија да биде негов последен во кариерата.

„Додека траеше мечот, не можев јасно да сфатам што се случи бидејќи немав чиста прегледност, но го видов судијата како одмавна со рака и посочи дека нема да гледа ВАР-снимка. Мислам дека на судијата му беше јасно дека ако треба да отиде да ја погледне ВАР-снимката, ќе мораше да досуди пенал. До денеска молчев и не сакав да зборувам за тоа. Инаку многу се налутив кога видов што точно се случило во таа ситуација“, вели Крос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести