Ромелу Лукаку во 2021-вата година за сума од 113 милиони евра направи трансфер од Интер во Челзи и се очекуваше да биде големо засилување на „Стемфорд бриџ“. Сепак, на репрезентативецот на Белгија не му се допадна Премиер лигата, па следните две сезони беше испраќан на позајмици во Интер и во Рома. Челзи од овие позајмици заработи околу 13 милиони евра, што е далеку од сумата која ја платија за него.
Сега Лукали се чини дека конечно најде екипа која сака да го откупи неговиот договор и да си замине од Челзи. Заинтересиран за неговите услуги е Наполи, на чија клупа е Антониот Конте, тренерот со кого белгиецот имаше одлична соработка додека настапуваше во Интер.
Челзи за неговите услуга бара 35 милиони евра, а Наполи сака да ја спушти цената за уште пет милиони, па да го купи за 30 милиони евра. Договорот на Челзи и Лукаку е со важност до 2026-тата година, па евентуален трансфер на белгиецот во Наполи ќе биде на задоволство на двете страни.