Кевин де Бројне после девет години во дресот на Манчестер сити е на прагот да си замине. Според медиумите од Островот, тој веќе ги договорил личните услови со Ал-Итихад од Саудиска Арабија, па сега останува само клубовите да се договорат околу висината на обесштетувањето.
Белгиецот на „Етихад“ пристигна во 2015-тата од Волфсбург за 76 милиони евра и со Манчестер сити освои вкупно 15 трофеи. Актуелниот договор му истекува следното лето, а моменталната вредност му се проценува на 60 милиони евра, воедно толку изнесува и сумата која ја бара Сити од Ал-Итихад.
Клубот од Саудиска Арабија се обидува оваа сума да ја намали, но раководството на Манчестер сити не сака ниту да слушне за помало обесштетување за еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во светот.