Ракометарите на Вардар ги продолжуваат подготовките за новата сезона во комплетен состав, откако на тимот кој е на подготовки во Маврово се приклучи и новиот голман Мигел Еспиња Фереира.
Како што соопштуваат од поранешниот двократен европски шампион, вардарци во Маврово ќе работи на подобрување на физичката и на техничко-тактичката подготвеност и воигрување на играчите што се приклучија во летниот период.
Во Маврово, вардарци ќе останат до 3. август, а потоа се враќаат во Скопје.