Во една од најневеројатните фудбалски средби одиграни на ЛОИ, фудбалерките на Австралија со 6:5 ја победија Замбија. На стадионот во Ница се одигра мечот за историја на олимпискиот фудбал.
Замбија беше аутсајдер пред мечот, но фудбалерките на африканската репрезентација започнаа одлично. Предводени од Барбра Банда, Замбија на полувреме водеше со 4:2, а на почетокот од второто полувреме дадоа и петти погодок за 5:2.
Делуваше неверојатно дека Австралија ќе загуби, бидејќи тие беа големи фаворити за триумф, па во последните 35 минути започна неверојатен пресврт. Најпрво со автогол во 58 минута Австралија намали на 3:5, а потоа следуваа погодоците на Кетли во 65 и 78 минута за 5:5.
Се играше 90 минута кога Австралија постигна и шести погодок за неверојатен пресврт и на крајо победа од 6:5.