Кошаркарите на САД беа убедливи и со 110:84 ја победија Србија во меч од првото коло на олимпискиот турнир во Париз. Леброн Џејмс и останатите НБА ѕвезди немаа милост кон противниците и на крајот славеа со 26 разлика против ривал кој истотака е редот на селекциите кои атакуваат на медал.
Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ вели дека кошаркарите на САД имаат посебна мотивација кога играат против Србите и дополнително сакаат да се докажат.
„Меч каков што го очекувавме. Ова не е ништо ново. Голема е разликата кога Американците играат против нас. Тогаш тие имаат дополнителна мотивација. Се започнува од одбраната, тоа е основната база. Не само кај нас. Во подготовителнио период се фокусиравме повеќе на нападот, затоа што знаевме дека ќе прават притисок на нашата организација на играта. Прерано шутиравме, а немавме добра шутерска вечер“, вели Светислав Пешиќ.
Американците погодија 18 од 32 шута за тројка (56 отсто), а посебно се истакна Кевин Дурант кој ги погоди сите пет шута од позиција за три поени.
Интересен беше и еден податок дека кога Никола Јокиќ бил на теренот во тимот на Србија, Американците едноставно не можеа да направат предност. Во тие 31 минути кога Јокиќ играше, резултатот беше 81:81. Без Јокиќ на паркетот, Србите не можеле да парираат на противникот, па САД во тие 9 минути на теренот, имаа убедлив резултат од 29:3.