Рафаел Надал е елиминиран во второто коло на олимпискиот турнир во Париз, откако со 2:0 во сетови беше поразен од Новак Ѓоковиќ. Тоа беше јубилеен 60-ти дуел меѓу двајцата најтрофејни тенисери во историјата, а Србинот се израдува на 31-вата победа.
Надал делуваше инфериорно откако го загуби првиот сет со 6:1, а потоа губеше и со 4:0 во вториот сет. Шпанецот сепак се врати и стигна до 4:4, но потоа немаше сили за пресврт и го загуби и вториот сет со 6:4.
Кога игра во Париз, Надал е како дома затоа што тој го има приматот „Крал на земјената подлога“ и дури 14 гренд слем титули на Ролан Гарос.
„Тука се е посебно. Сакав да го освојам златото. Секако дека тоа беше мојот план, многу напорно тренирав. Истотака секој ден размислувам кога ќе биде мојот последен меч. Таа одлука ќе ја донесам сам. Не знам како ќе биде. Ако почувствувам дека физички нема да можам, ќе си заминам. Сега уште уживам во тенисот“, рече Надал.