Грција е пред елиминација откако загуби и од Шпанија

Репрезентацијата на Шпанија славеше против Грција со 84:77 во второто коло на кошаркарскиот турнир на Игрите во Париз. Овој резултат е помалку изненадувачки ако се знае дека Грција ја имаше фаворитската улога пред мечот. Така и започна дуелот, Грците водеа со 20:12.

Сепак, ситуацијата за многу брзо време се смени. По водството на Грција од 27:24 следуваше одлична игра на Шпанците, па со низа од 9:0, го превземаа водството. До крајот на првото полувреме Црвената фурија играше одлично, па на пауза замина со предност од 49:35.

Грците не се предадоа, полека ја анулираа негативата, па на неколку минути до крајот стигна и до израмнување (71:71). Сепак, тогаш повторно Шпанија со низа од осум поени по ред ја врати комотната предност (78:71) и стигнаа до првата победа на турнирот.

За Грција ова беше втор пораз по ред и тоа значи речиси сигурна елиминација уште во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести