Србите ги поразија Американците со 22-14 во баскет 3х3 на Олимписките игри, делумно одмаздувајќи ги кошаркарите кои беа разбиени од САД со 26 поени разлика.
Во американскиот баскеташки тим е и некогашната НБА и НЦАА ѕвезда Џимер Фредет, но вечерва Србите за кои играат специјалистите за баскет Бранковиќ, Стојачиќ, Васиќ и Мајсторовиќ беа подобри.
Србија на претходните ЛОИ освои бронза, и овојпат е сериозен кандидат за медал, а можно е повторно да се сретнат со Американците во финалето.