Екипите на Наполи и Челзи се пред договор за голема размена на напаѓачите ова лето. Веќе е познато дека екипата од Неапол сака да го ангажира Ромелу Лукаку, кој е под договор со Челзи, а „сините“ од Лондон сега се вклучуваат во битката за потписот на Виктор Осимен и ќе се обидат да ја искористат целата ситуација и да го доведат одличниот нигериец на „Стемфорд бриџ“.
Веќе долго се шпекулира дека Осимен ги договорил личните услови со ПСЖ, кој за неговите услуги понуди 90 милиони евра, но Аурелио де Лаурентис ја одби оваа понуда, бидејќи е далеку од неговата желба за 130 милиони евра.
Сега Наполи и Челзи ќе треба да се договорат колку ќе изнесува разликата, односно колку екипата од „Стемфорд бриџ“ ќе треба да доплати за трансферот на Осимен, секако доколку фудбалерот се согласи да се пресели во Лондон, а не во Париз.