Штипјани повторно ќе гледаат прволигашки фудбал, иако Брегалница се пресели во Втора лига.
Прволигашот Гостивар го напушта стадионот каде играше во изминатиот период, и одлучи како домаќин да игра во Штип, барем додека трае реновирањето на „Борис Трајковски“ во скопско Маџари. Кога реновирањето ќе заврши, Гостивар ќе игра како домаќин на тој стадион во Скопје.
Новиот прволигаш Беса од Добри Дол го пријави стадионот во Гостивар како домашен терен.
Гостивар летово е мошне активен на трансфер пазарот, доведе неколку квалитетни засилувања, а најзвучно странско име е Набил Дирар, поранешниот фудбалер на Монако, Фенербахче и на Клуб Бриж, а принови се и докажани македонски имиња како Душко Трајчевски, Марко Симоновски, Дарко Глишиќ, Константин Чешмеџиев, Мевљан Мурати…