Лацио демантираше можен трансфер на Хамес Родригес на „Олимпико“

Лацио ги демантираше гласините дека клубот има интерес за колумбиската легенда Хамес Родригес. 33-годишниот фудбалер во моментов е без клуб, а последно играше за Сао Паоло, но нема да се пристигне на „Олимпико”.

Ова стана јасно по изјавата на спортскиот директор на Лацио, Анџело Фабијани.


„Никогаш нема да го земам Хамес Родригес. Довлекувањето на 33-годишен играч за една или две години ќе биде спротивно на новиот проект за млад тим. Ние исто така правиме проценки врз основа на одиграните минути во последните три години. Тој нема одиграно повеќе од 12-13 натпревари во последните години. Се претстави многу добро на Копа Америка, но немаме никаков интерес да потпишеме со него“, нагласи Фабијани.

Хамес Родригес одигра многу квалитетно на Копа Америка и стана МВП играч на турнирот, каде што неговата Колумбија загуби во финалето од Аргентина со 0:1 по продолженијата, а тој забележа шест асистенции на натпреварите.


Колумбиецот се поврзува и со шпанскиот прволигаш Селта, како и со Порто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести